Фајзер бара итно одобрување на нејзината антивирусна таблета против Ковид-19

Сподели го ова:


Фајзер-Американската фармацевтска компанија со информација дека нејзината антивирусна таблета против Ковид-19 создава намалување на стапката на хоспитализација на пациентите и намалување на смртноста за вкупно 89 отсто. Фајзер бара итно одобрување на нејзината антивирусна таблета против Ковид-19. Антивирусниот лек на Фајзер се зема орално. Инаку во нашата земја за само 24 часа направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на КОВИД-19, од кои 28 во Прилеп. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 5 починати лица од Скопје (69г, 71г, 79г, 81г и 82г) и 2 лица од Велес (68г и 69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, од кои сите 3 се починати во домашни услови.Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552





Сподели го ова:

Слични објави