| |

Дали оваа изјава на Данијела Мартиновиќ значи дека премногу сериозно ја сватила нејзината врска со Петар Грашо, врска која е веќе минато??

Сподели го ова:


Балканската музичка сцена последниот период ја потресе веста дека пејачот кој со својот шарм, изглед и впечатлив глас кој го има освоено речиси целиот Балкан-Петар Грашо, и неговата девојка-извонредната Данијела Мартиновиќ не се повеќе во врска. Оваа вест на почетокот беше објавена од страна на неколку хрватаски медиуми, и истите се базираат на изјавата Мартина Подгорски-раководителката за односи со јавноста на Грашо, која на социјалните мрежи напиша дека двојката веќе подолго време не живее заедно, и дека дека 49-годишната пејачка и 45-годишниот музичар поради работни, но и приватни причини веќе извесно време не се заедно. Имено пред некој ден Данијела Мартиновиќ на социјалните мрежи објави фотографија каде што таа опуштено се смее а веднаш под фотографијата напиша дека премногу сериозно се сфаќаме едни со други, и дека таа сватила дека единствено важно е да сме смирени во себе. Дали оваа изјава на Данијела Мартиновиќ значи дека премногу сериозно ја сватила нејзината љубовна врска која што ја имаше самата таа со Петар Грашо?-останува да видиме. Инаку оваа двојка беше еден од најактуелните љубовни парови на целиот балкан. Нивната врска ја започнуваат од 1995 година на Фестивалот „Дора“, меѓутоа самите тие за нивната љубовна врска во јавноста зборуваа многу малку пред новинарите.  Во последно време Данијела Мартиновиќ е актуелна на музичката сцена со нејзиниот хит „Ljubav ne odustaje“. Сликата за оваа објава е превземена од https://www.facebook.com/martinovic.danijela/photos/a.493961694951/10158611563159952/





Сподели го ова:

Слични објави