МИСЛЕЛЕ ДЕКА Е МРТВА: Jа однеле во крематориум, а таа ги отворила очите

Сподели го ова:
























Бизарна – необична приказна се случи на почетокот на овој месец, односно на 1 февруари во градот во Брахмапур – Индија. Како што пренесуваат локалните медиуми, Буџи Ама (52) била тешко повредена во пожарот кој настанал во нејзината куќа, па како резултат на тоа била пренесена во болница каде лекарите ѝ констатирале изгореници.

Веднаш потоа била вратена во нејзиниот дом, меѓутоа неколку дена подоцна, жената не ги отворила очите, при што нејзиниот сопруг Сибарам Пало верувал дека неговата сопруга повеќе не е меѓу живите, па организирал гробари кои што нејзиното тело го пренеле во крематориумот. Постапката за транспорт започнала, меѓутоа после 30 минути возачот добил повик да се врати, бидејќи “починатата” жена ги отворила очите.




Сподели го ова:

Слични објави