Австралискиот Федерален суд едногласно донел одлука Ѓоковиќ да ја напушти Австралија
Австралискиот Федерален суд составен од тројца судии утрово по средноевропско време донесе конечната одлука по жалбата на Новак Ѓоковиќ според која Ѓоковиќ ќе треба да ја напушти Австралија и да остане без настап на турнирот во Мелбурн. Меѓутоа, исто така е донесена и одлука според која што Ѓоковиќ нема право на жалба на ова решение. Ѓоковиќ исто така ќе треба да ги плати сите судски трошоци, а најверојатно со загубениот судски процес ќе добие и тригодишна забрана за влез во Австралија. Ѓоковиќ врз основа на српските медиуми, ќе си замине за неговата родна Србија-уште денеска.


















