Во првото коло од ракометниот турнир “Миле Нешкоски”, Прилеп ја победи екипата од Струга
Во текот на вчерашниот ден се одигра првото коло од турнирот “Миле Нешкоски”, а во ова прво коло, победa остварија екипите на Прилеп, Тинекс Пролет, Дубочица и Мулти Есенс.
Вчера, Прилеп оствари триумф против Струга со резултат 29-24.
Во прилог, погледнете ги резултатите од првото коло од турнирот “Миле Нешкоски”:
Мулти Есенс – Кокс од Финска / 29:26
Тинекс Пролет – Еурофарм Пелистер 2 / 22:12
Дубочица – Скопје 2020 / 36:24
Прилеп – Струга / 29:24