Прилепчани ги чувствуваат придобивките од новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:























Ова до сега се нема случено во Прилеп- неколку клучни луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да ги обединат сите прилепчани како едно, онака искрено од душа-односно онака како што срцето говори. Станува збор за градоначалникот Борче Јовчески, заменик градоначалникот на Прилеп Ирена Стерјовска Локвенец, и се разбира Претседателот на Советот-Дејан Проданоски. Откако д-р Борче Јовчески ја превзеде градоначалничката функција, река на народ стои позади него, која му ја дава својата искрена поддршка за проектите кои што тој веќе ги направи и ги реализира-онака како што вети. Меѓутоа познавајќи го каков доктор и човек е, сигурна сум дека освен тоа што тој ќе ги реалзиира сите негови ветени проекти-Борче Јовчески ќе реализира и многу повеќе од ветеното-за своите сограѓани, и за својот град кој искрено го сака и почитува. Мошне е интересен фактот дека и оние кои што не го познаваа, а имаа можност овие месеци да се запознаат со него, за него викаат дека Борче ќе е долгогодишен – вистински градоначалник на градот, градоначалник како што навистина му доликува на Прилеп, на нашиот Прилеп, градот во кој што заеднички живееме и заеднички ги создаваме спомените, а допрва сигурна сум дека следи едно ново време, време каде што ќе се создадат спомени за едно многу поубаво време, време каде што зборот “РЕКЕТ” ќе претставува само спортски реквизит за тенис и ништо друго-онака како што потенцираше Борче Јовчески. И на крај може да заклучиме дека прилепчани ги чувствуваат придобивките од новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ако направиме една анализа во последниве месеци, новата власт веќе ги санира последиците кои беа произлезени од неработењето на претходната локална власт во Прилеп, а паралелно на тоа создава и реализира нови проекти, и што е најважно го движи Прилеп кон правиот пат кој што води кон успех за сите прилепчани.



Сподели го ова:

Слични објави