ЖАЛОСНО: Почина жената која беше турната од трет кат на зграда во Охрид

Почина жената која што беше турната од трет кат на зграда во Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, како и против 21-годишно од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Колку за потсетување, на 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39 годишната жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Зачудувачки е фактот што второпријавениот кој бил присутен на местото на настанот, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.