OОУ “Климент Охридски” преку креативен настан дава поддршка на децата со Даунов синдром

Денес, 21 март е светски ден на лицата со Даунов синдром. Овој датум е симболично одбран како резултат на трите копии на 21-от хромозом што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба. По повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром, OОУ “Климент Охридски” преку креативен настан даде поддршка за овие деца.
“Денес е 21 март меѓународен ден на лицата со Даунов синдром. На овој ден нашето училиште,наставници и ученици му го посветува на лицата со даунов синдром Со овој настан сакаме да ја подигнеме свеста за овие прекрасни личности,да ги поттикнеме и останатите да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром.
Дауновиот синдром претставува состојба,а не болест!Денес кога светот го одбележува 21 Март Меѓународниот ден за лицата со Даунов синдром облековме шарени чорапи и му ја дадовме нашата поддршка.Покажете им сите на овие лица дека се грижите за нив и ги прифаќате онакви онакви какви што се од глава до петици без бариери и предрасуди” – истакнуваат од ООУ Климент Охридски – Прилеп.
