Денеска, голем број на прилепчани го посетија манастирот св. Архангел Михаил во Варош
Православната црква го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети Архангел Михаил, кого црквата го смета за главен водач на сите небесни сили. По повод денешниот голем празник, голем дел од прилепчани беа да запалат свеќа во манастирот св.Архангел Михаил во Варош. Нека е честит големиот христијански празник Св. Архангел Михаил! Среќа, љубов и радост на сите што го празнуваат, а особено на тие што на овој голем ден слават именден и куќна слава.
Нека овој празник донесе мир меѓу луѓето и здравје за сите. За многу години!
Имено, денеска именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Мила, Михаил,Михаила Милка, Михо, Рајна, Ратка, Рајко…