Започнува празнувањето на т.н. зимските слави: Вечерва и утре се празнува Петковден

Сподели го ова:






























Вечерва и утре, православните христијани го слават споменот посветен на Преподобна Параскева (Петка) – Петковден, а голем дел од граѓаните ја празнуваат оваа слава посветена на св.Петка. Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите и беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски.

По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост.

За многу години на помош нека е големиот христијански празник, посветен на Преподобна Параскева (Петка) – Петковден.




Сподели го ова:

Слични објави