“Солза и смеа” во Прилеп со Новогодишна претстава ЗА ДЕЦА од 3 до 13 години
Наскоро во Прилеп, во месец декември ќе биде прикажана поучната театарска претстава за деца од познатите “Солза и смеа” во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, каде ПРЕМИЕРНО пред ДЕТСКАТА прилепска публика ќе ја изведат нивната поучна претстава “Солза и смеа на гости кај Дедо Мраз”. Оваа театарската претстава е наменета за деца од 3 до 13 години. Станува збор за новогодишна претстава за деца која минатата година беше одиграна во над 10 градови во Македонија – каде овие познати ликови ги наполнија салите до последното место! Во Прилеп доаѓаат наскоро во НУЦК “Марко Цепенков, сала која ќе биде претесна за да ги собере сите млади прилепчанчиња кои ќе уживаат во претставата на овие добро познати комични ликови.
Напомена: Претставата е целосно адаптирана за детска публика од 3 до 13 години, а во изработка на сценариото за самата претстава се вклучени 4 педагошки лица.
Наскоро го објавуваме и датумот!!
















