Резил! Директорката од ЈП „Комуна“ -Крушево во работно време врши партиска пропаганда со закани за отпуштање и уцени бара гласови – истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ

Сподели го ова:






























“Срамота и злоупотреба во ЈП „Комуна“ Крушево!

Директорката во работно време врши партиска пропаганда – со закани за отпуштање и уцени бара гласови, а на дел од граѓаните им опростува сметки за вода во замена за поддршка на избори!

Ова е тешка злоупотреба на службена положба и директно кршење на Изборниот законик!

Ги повикуваме надлежните институции да ја истражат оваа злоупотреба .

Крушево нема да дозволи неколкумина партиски послушници да го газат достоинството на народот!

Одговорност мора да има – заканите, уцените и партиските манипулации нема да поминат!” – се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави