Градоначалникот Јовчески им го честиташе мандатот на новите советници и порача дека ќе работат во интерес на сите граѓани

Сподели го ова:























Градоначалникот Јовчески им го честиташе мандатот на новите советници и порача дека ќе работат во интерес на сите граѓани.

„Најпрво дозволете ми да ве поздравам од мое лично име, да ви честитам за освоените мандати на сите советници без разлика на политичката припадност. Честитки до Дејан Проданоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп за кој што сум сигурен дека со меѓусебна соработка во иднина ќе имаме само успеси и сите заеднички ќе работиме во интерес на граѓаните“ – пораѓа градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

На првата конститутивна седница беше избран новиот состав на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

Општинскиот совет го предводи ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата со вкупно 15 советници, 10 се од СДСМ и коалицијата и 2-ца  од Левица.



Сподели го ова:

Слични објави