STANICA.MK НА ТЕРЕН: Прилепските црковни храмови се подготвени вечерва да ги пречекаат прилепските верници и да им ја соопштат радосната вест-ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!





Нашиот новинарски тим, вечерва беше во обиколка на прилепските, православни – црковни храмови, во пресрет на објавувањето на вечерашната радосна вест за Воскресението Христово.(текстот за објавата продолжува веднаш после рекламата)
Прекрасна глетка во прилепските цркви, мир, тишина и спокој кој што пополека веќе се подготвува да ја соопшти убавата радосна вест. Црковните служби и редарите во црквите се целосно подготвени да ги пречекаат прилепските верници, а за информативниот портал “STANICA.MK”, дел од нив истакнуваат дека се е веќе подготвено за пречекување на прилепчани, кои вечерва во голем број ќе ги посетат христијанските храмови, за да духовно се нахранат од трпезата на љубовта, радоста и мирот која што ќе биде соопштена преку убавата радосна вест-“Христос Воскресе!”







