Денеска во Крушево свој настап ќе има Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”
Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, по барање на детската публика ширум Македонија, годинава одржа повеќе фестивалски концерти. Имено, покрај двата спектакуларни фестивалски концерти во Прилеп, минатиот месец Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” одржа уште два свои концерти на плоштадите во Охрид и Битола каде веселите ѕвончиња ги наполнија градските плоштади, а истото се очекува денеска да се случи и во Крушево.
Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, денеска (недела) 07.08.2022 година ќе има свој настап во Крушево. Врз основа на тоа, специјално во Крушево се очекуваат да допатуваа голем број на родители заедно со своите деца од повеќе градови од нашата земја, каде ќе имаат одлична можност на 07.08.2022 година (недела) со почеток во 19:00 часот да го погледнат последното-најново фестивалско издание на летната сцена (амфитеатарот) близу Гумење.
Колку за потсетување, и минатата година овој најактуелен детски музички фестивал имаше свој настап во Крушево каде што како децата, така и нивните родители кои го погледнаа фестивалот уживаа во детските музички хитови на Веселите Ѕвончиња. Сето ова е потврда дека овој детски фестивал како резултат на неговиот квалитет е лидер кога станува збор за детските музички фестивали во нашата земја.