Крушевчани уште од рано утрово, пристигнаа во црквата св. Никола каде вриеше од верници
Крушевчани денеска во чест на празникот и црковната слава на црквата св. Никола во Крушево, уште од рано утрово пристигнаа во овој прекрасен црковен храм кој се наоѓа во центарот на Крушево, за да си запалат свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, молејќи му се на големиот светител св. Никола.

Празнувањата во овој црковен храм започнаа синоќа во Крушево каде имаше Празнична вечерна богослужба која започна во 17:00 часот. Исто така, празнувањата на овој голем светител продолжија и денес со празнична утринска Богослужба која започна утрово во 07 часот а продолжи во храмот со Светата Архиерејска Божествена Литургија, која започна нешто околу 08:30 часот.

Повеќе од очигледно е дека крушевчани денеска торжествено го прославија споменот на светиот Никола Мириклијски Чудотворец, чие име го носи и катедралниот храм на Митрополијата, Свети Никола во Крушево.















