ПРОДАНОСКИ: Со давањето на броилата на ЈП “Енерго”-Прилеп сметката за јавното осветлување во градот драстично се намали!
Денеска Советот на Општина Прилеп ја одржа 18-тата седница на која на дневен ред беа поставени повеќе точки во интерес на прилепските граѓани. Имено, на седницата беше донесена и одлука за алокација на средства од општинскиот буџет до крајот на годината, а сето тоа во интерес на прилепчани.
Со давањето на броилата на ЈП “Енерго”-Прилеп сметката за јавното осветлување во градот драстично се намали. Можам да кажам, дека во Септември ако плативме околу 10.000.000 денари, за Октомври сметката изнесуваше 3.000.000 денари – истакна Претседателот на Совет Дејан Проданоски, веднаш после завршувањето на 18-тата седница.
Советот на Општина Прилеп донесе и Правилник за талентирани ученици врз основа на кој што талентираните ученици од општина Прилеп кои учествувале на меѓународни и државни натпревари ќе бидат финансиски наградувани, а сето тоа, се разбира е мотив и стимул плус за самите ученици.
Имено, за децата кои што учествувале на меѓународни натпревари прва награда 9.000 денари, втора награда 8.000 денари, и трета награда 7.500 денари. А за децата кои учествувале на домашни натпревари прва награ 7.000 денари, втора награда 6.000 денари и трета награда 7.000 денари – нагласи Проданоски
Како што истакна Проданоски на денешната прес конференција, од 1-ви Декември граѓаните на општина Прилеп почнувајќи од декемвриската сметка, ќе ја плаќаат онаа стара цена за услугите од ЈКП Водовод и канализација-Прилеп, односно ќе ја плаќаат старата поефтина цена која важеше пред воведувањето на оваа услуга.