Во Прилеп, фрлањето на светиот Крст ќе се изврши во водите на “Аква парк Салида”
Се известуваат сите верници дека по повод христијанскиот празник Богојавление (Водици), чинот на Големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на светиот Крст во Прилепќе се изврши во водите на базенот при хотелот Салида (Аквапарк), на 19 јануари (недела) со почеток во 12:00 часот.

Што се однесува пак до процесот на пријавување, пријавувањето за учесниците ќе биде во Општина Прилеп (во приемно одделение), задолжително со копија од лична карта, на 15ти и 16ти јануари (среда и четврток) од 09:00 до 15:00 часот.

















