Аирлија нека е! Пуштена е во употреба делницата Градско-Дреново, којашто е дел од Коридорот 10, со вкупна должина од 16,5 километри
Денеска беше пуштена во употреба делницата Градско-Дреново, којашто е дел од Коридорот 10, со вкупна должина од 16,5 километри. Проектот, вреден 37,3 милиони евра, е реализиран со поддршка од ИПА фондовите и македонскиот буџет.
Овој значаен инфраструктурен објект, кој вклучува клучки, вијадукти, мостови и патни премини, ќе придонесе за подобра поврзаност на македонските граѓани.

Посебна благодарност упатувам до работниците, чија пожртвуваност беше клучна, како и до сите институции и партнери кои придонесоа за реализацијата.Нашата посветеност на развојот продолжува, со проекти како што се пругата кон Бугарија, автопатите на Коридорите 8 и 10 и обиколницата околу Битола. Овие градби ја симболизираат новата ера на посветеност, соработка и одговорност за средствата на граѓаните. Македонија се гради со дела, не со зборови и со гордост чекориме напред, создавајќи подобри услови за сите – порача премиерот Мицкоски.


















