Прилепчани верни на традицијата! “Василица во Прилеп”, повторно ги обедини сите прилепчани на едно место

Сподели го ова:





























Денес, Општина Прилеп го прослави празникот Св. Василиј Велики – денот кога според јулијанскиот календар ја славиме Православната Нова година, или како што традиционално ја нарекуваме, Стара Нова година. Со манифестацијата „На Василица во Прилеп 2025“, која се одржа на Платото пред Градскиот саат, ја продолживме вековната традиција на споделување радост, заедништво и почит кон обичаите кои нè дефинираат како народ.

Прилепчани, се собраа да бидат дел од оваа свеченост, каде традицијата на вртење бурек со паричка уште еднаш ја оживеавме во духот на македонската култура. Пред присутните претседателката на Советот на Општина Прилеп, упати искрени честитки по повод празникот и истакна дека оваа манифестација не само што нè потсетува на значењето на нашите обичаи, туку и ни ја покажува силата на заедништвото и љубовта што ги носиме едни кон други. Да бидеме горди чувари и преносители на нашата македонска традиција и православна вера, бидејќи тие се нашиот духовен и културен идентитет!

Настанот беше исполнет со насмевки, позитивна енергија и празнична атмосфера. Симболиката на паричката во бурекот, како знак на среќа и благослов, уште еднаш нè потсети дека традицијата има моќ да нè обедини и да ни ја врати вербата во убавината на животот.

Општина Прилеп упатува искрени желби до сите граѓани за здравје, среќа и успех во годината што е пред нас.

Нека е за многу години, да сме здрави, живи и сплотени!




Сподели го ова:

Слични објави