Во Прилеп, со 100 првачиња помалку ќе започне новата учебна година
За околу 100-тина ученици е намален бројот на запишани првачиња во Прилеп во новата 2023/2024 година, во основните прилепски училишта. Во оваа учебна година, во Прилеп наместо предвидените 800, ќе зачекорат околу 700 првачиња.
Пред самиот почеток на новата школска година, сите средни и основни училишта во Прилеп се целосно подготвени, меѓутоа дел од наставниците и учениците ќе се снаоѓаат со учебници како знаат и умеат.