Црквата св.Петка со известување по повод празникот св.Козма и Дамјан

Сподели го ова:






























ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СВ. КОЗМА И ДАМЈАН

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на св. бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан (Св. Врачи), во храмот св. Петка во нас. Точила лепчиња ќе се креваат во ЧЕТВРТОК во периодот од 9:00 – 11:00 часот и петокот по завршувањето на богослужбата, а во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) лепчиња ќе се креваат во четврток од 7:30 – до 11:00 и попладне од 16:00 – 17:00 часот како и НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во петок (14.11.2025) веднаш по завршувањето на Божествената Литургија.

Честита слава на сите кои го чествуваат Св. Козма и Дамјан како закрилници на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош! – порачуваат од црковниот храм св.Петка – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави