Убавина: Македонскиот Ерусалим украсен во знакот на Велигденските празнувања

Сподели го ова:































Со цел да разубави просторот на охридскиот плоштад, во пресрет на Велигденските празници, на тревната површина пред споменикот „Свети Климент Охридски“ во Охрид поставени се велигденски реквизити.

Во ова привлечно катче за најмладите поставени се зајчиња, велигденско јајце, столчиња како и други шарени украси со велигденски мотиви и пораки.

Локалната самоуправа, секоја година (последниве години) обезбедува нови реквизити кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта на оваа активност е да се создаде празнична атмосфера во центарот на Охрид која е погодна за забава и фотографирање.

Се гледаме во македонскиот Ерусалим!




Сподели го ова:

Слични објави