ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ: Поради “Prilep Beer Weekend ” бул. Гоце Делчев ќе биде забранет за движење на сите возила, а автобусите ќе сообраќаат по неделна вонредна линија
Поради најавенот Фестивал на пивото и скарата насловен како ” Prilep Beer Weekend ” булеварот Гоце Делчев ќе биде забранет за движење на сите возила.
Поради тоа автобусите на Автобуски Градски Превоз почнувајќи од среда(27.08) до понеделник(04.09) ќе сообраќаат по НЕДЕЛНА(ВОНРЕДНА) ЛИНИЈА почнувајќи од 6.30 часот х.Салида односно 6.30 часот постојка Трло Варош на секои 60 минути, последно тргнување на автобусите ќе биди во 15.30 часот од х.Салида односно Н.Гробишта.
Со почит
Автобуски Градски Превоз
