ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Денеска, новата цистерна ги освежи прилепските улици

Сподели го ова:
























Иако во Програмата за одржување на јавно прометни површини, во делот на миење на улиците ,, Комуналец’’, има предвидено само 9 месеци одржување со миење на улици, плоштади и тротоари, годинава комуналците ја започнаа работата со новонабавената цистерна и во зимски услови.

,,Ова се прави од причини што годинава не ни помогна времето ниту со врнежи од дожд, ниту па имаме врнежи од снегови, кои во многу помагаат во отстранувањето на прашината и нечистотијата, па додека дозволуваат временските услови ќе ја извршуваме оваа работна операција, со цел да го подобриме амбиенталниот воздух, и да создадеме врвна чистота по јавно прометните површини и во зимски услови. Како што најавивме, со набавката на новото возило – цистерна, која ја добивме како донација со аплициран проект од општината, а со средства од Бирото за регионален развој, во многу ќе биде олеснета работата во смисла на ефикасноста во извршувањето на услугата, но исто нема и да имаме празни одови во работата, зашто некогаш се случуваше и двете цистерни да појават дефект, а резервни делови за така стари возила од 81-ва, односно од 88-ма година тешко се најдуваат, па понекогаш се случуваше и овие специјални возила да ги немнаме во сообраќаен промет и по месец дена,, – вели Рубинчо Абрашоски, директор на ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп.

Заложба на комуналните работници е градот да биде чист и уреден, а Абрашоски апелира до граѓаните да помогнат во заложбите за чиста животна средина, да имаат културни навики во исфрлањето на отпадоците по јавно прометните површини.

,,Наша работа е градот да биде чист и уреден, а на граѓаните и бизнис секторот обврска е да внимаваат и се коректни спрема своето место на живеење во однос на чистотата, правилното третирање на отпадот и одржувањето на околината каде живеат. Да најавам дека 2023 година ќе биде година на постигнување на врвна чистота во градов. Ќе настојувам да се доисчистат сите диви депонии, година на новозасадени дрвја, како и граѓански акции за чистење на околината на Прилеп, со цел сите заеднички да направиме да се чувствуваме убаво и да се навикнеме дека Прилеп го личи да биде зелен, уреден и без отпад,, додаде Абрашоски во изјава за медиумите.




Сподели го ова:

Слични објави