Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во нашата земја
Врз основа на неофицијалните информации на ТВ Алфа, во Македонија најверојатно го имаме првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници.
Според изворите на ТВ Алфа, најавено е прием на пациент од Кичево во Инфективна клиника-Скопје кој што е сомнителен на мајмунски сипаници. Кичевската брза помош одбила да го пренесе заразениот пациент, па врз основа на тоа, самиот тој со сопствено возило се упатил кон Инфективна клиника каде што ќе му бидат извршени соодветни лабараториски испитувањa, се со цел за да се потврди дали станува збор за мајмунски сипаници.
