Во Пица бар “Академи”, вечерва започна хуманитарниот новогодишен базар

Во пресрет на новогодишните празници, штотуку започна Хуманитарниот новогодишен базар во организација на Пица бар “Академи”, кој од самиот почеток наиде на голема заинтересираност од страна на прилепските граѓани. Хуманитарниот базар се наоѓа во летната бавча на “Академи”, и истиот преку својата декорација и креација ја доловуваа онаа зимска бајка и магија која преовладува за време на новогодишните празници.

Овој хуманитерен базар ќе трае се до утре и истиот може да го посетите од 17 до 21 часот. За сите прилепчани, хуманитарниот новогодишен базар во Пица бар “Академи” нуди одлична понуда од варено вино, чај, топло чоколадо како и највкусни колачи.

Ве очекуваме! Ваше е да си понесете само желба за добро расположение и хуманост! Ве очекуваме да уживате во зимската магија на овој Хуманитарен новогодишен базар.
Се гледаме во Пица бар “Академи”.



















