ВИДЕО: Мицкоски -“Денешниот празник нѐ потсетува на тоа како е создадена нашата слобода, колку жртви и колку упорност и храброст е потребна за ова што го имаме денес”

Сподели го ова:




Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера во Охрид упати јасна порака по повод вчерашниот празник, еве што тој точно изјави пред насобраната река народ: “Денешниот празник нѐ потсетува на тоа како е создадена нашата слобода, колку жртви и колку упорност и храброст е потребна за ова што го имаме денес. Во таквата слобода се вградија плејада на жени и мажи кои предано и без задршка се трошеа за она во што непоколебливо веруваа и сонуваа. Таквата борба ги дефинираше нивните животи, но и ја одредуваше нашата иднина. Ова што го имаме денес не е плод на борбата на само една успешна генерација, туку саможртва на цела низа на генерации кои се бореа, гинеа, и одново се раѓаа нови јунаци кои продолжуваа таму каде потомците застануваа.Уште само еден чекор нѐ дели од она за кое сите заедно сонуваме. Ништо не е невозможно. Победата е на дофат. Излезноста е клучот. Тие сакаат да наведнете глава, ние велиме – Гордо напред и главата горе!Да покажеме дека промените се можни и дека тие не се ништо друго освен вашата сила и неумолива волја, надеж и стремеж за подобра, нова иднина… Затоа што вие и само вие сте силата на Македонија!А ние вашиот глас и борец за вашите права. Македонија е жива, а ќе биде и напредна и силна. Затоа што Македонија била и ќе остане да биде вечна.Благодарам на секоја една охриѓанка и охриѓанец, кои ја дадоа поддршката во првиот круг. Сега повторно ја барам поддршката во вториот круг, затоа што искрено верувам дека Д-р Кирил Пецаков е вистинската одлука за промени, проекти и победи во Охрид”-изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.





Сподели го ова:

Слични објави