ЈОВЧЕСКИ: Да ви е честит и вековит Денот на пчеларите и ви посакувам да имате побогата паша, добра жетва и медна година

Денеска е денот на пчеларите и на пчеларските работниции, оние кои трудољубиво се занимаваат со пчеларство како благословена професија. По повод денешниот ден на пчеларите, прилепскиот градоначалник Јовчески, имаше средба токму со пчеларите од прилепско во манастирот “Покров на пресвета Богородица”. По тој повод се огласи прилепскиот градоначалник Јовчески, при што истакна:
“Да ви е честит и вековит Денот на пчеларите и ви посакувам да имате побогата паша, добра жетва и медна година. Во иднина како локална самоуправа и јас како градоначалник лично ќе се заложам за да излезиме во пресрет на она што можиме да ви го обезбедиме како помош и поддршка на вашите здруженија и општо на сите пчелари”-истакна Јовчески.