За оваа зима, зимски комплети за децата со посебни потреби, од Авто Контрол има!!

Сподели го ова:


























Хуманите дела на “Авто Контрол” продолжуваат и понатаму преку нивните хумани мисии. Овој пат, општествено одговорната компанија Авто Контрол, на дечињата со посебни потреби кои учат во посебните паралелки во ООУ Климент Охридски во Прилеп, им донираше вкупно 55 комплети од капчиња, ракавици и шалчиња. За оваа студена зима, зимски комплети за дечињата со посебни потреби, од “Авто Контрол” има!!

“Денес фирмата “Авто Kонтрол” ја демонстрира својата општа одговорност и хуманост со својата донација, верувајќи во моќта на образованието за сите деца, без разлика на нивните предизвици. Вашата поддршка е светло за иднината на децата со посебни образовни потреби, овозможувајќи им да го остварат својот потенцијал и да изградат самодоверба во своите способности. Благодарение на фирмите како вас, тие добиваат шансата да се развиваат и да се издигнат во подобри личности. Голема благодарност до вас” – се вели во објавата од ООУ Климент Охридски – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави