Во Крушево, Jованчо Бубаќоски го извади осветиот крст од водите на крушевското езеро
Бог се јави! Реки од народ, денеска имаше во Крушево. Имено, Jованчо Бубаќоски го извади осветиот крст од водите на крушевското езеро.
“Богојавление – Водици е празник што нè потсетува на верата, на духовната обнова и на вредностите што нè обединуваат како заедница.
Во Крушево, овој ден има посебно значење – како симбол на заедништво, почит кон традицијата и силната врска меѓу луѓето.
Осветувањето на водите и фрлањето на Светиот Крст се потсетник на надежта, довербата и одговорноста што ја имаме едни кон други.
Нека Водици донесе здравје, мир и духовна сила во секој дом, а во нашето Крушево – уште поголема слога и напредок.
За многу години!” – порача крушевскиот градоначалник Нико Чонески.


















