Во Охрид, Мартин Гоџо и оваа година го извади светиот крст од охридските езерски води

Сподели го ова:





























Денеска во Охрид свеченото беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид каде што Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив.

Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници учествуваа во овој свет чин, со молитва и надеж за духовно прочистување.

Честитки до Мартин Гоџо, кој и годинава успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води! Му подарив Пафта, Невестински колан, од Галичник од 19 век., упатувајќи му искрени желби за добро здравје и лична среќа! – порача претседателката Гордана Силјаноска Давкова.




Сподели го ова:

Слични објави