| |

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ НА “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА”: Ѓорѓи Стојанов од ООУ Гоце Делчев – Прилеп по четврти пат ќе пее на овој популарен детски музички фестивал!

Сподели го ова:























Талентираниот прилепчанец Ѓорѓи Стојанов оваа година имаше спектакуларен успешен настап на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивал кој по петти пат се одржа во Прилеп. Имено, Ѓорѓи оваа година настапи со песната “Сонце нај ме грее”, песна која што специјално за него ја направи Гоце Илиески Балада (музика и текст), а аранжманот за оваа песна го направи Рубин Димкоски. Прилепчанецот Ѓорѓи Стојанов веќе е популарен помеѓу неговите врсници и веќе е позната детска музичка ѕвезда.

Меѓутоа, она што моментално е ново, е тоа што родителите на овој млад прилепчанец повторно му ја доверија довербата на Гоце Илиески-Балада да му направи екстра детска песна и со таа песна да настапи на најновото 6-то фестивалско издание во Прилеп во Мај наредната 2024 година на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. 

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! 



Сподели го ова:

Слични објави