Фотографија која заслужува 1000 лајкови! Прилепските ветерани ќе играат во полуфинале
Вчера на 11 Oктомври, се одигра и последното коло од одбојкарската лига на ветерани, овојпат, токму во Прилеп. Неслучајно, клубот кој го носи и името на овој голем празник, “11 Oктомври – ветерани”.
Натпреварите се играа во спортската сала при СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп (Медицинско училиште).

“Овој убав празничен, неработен ден искористете го да ги видите и поддржите нашите одбојкари, но и сите одбојкарски ветерани кои во минатото ја носеа и развиваа македонската одбојка.Кога играте во “лига на ветерани” адутите ви се страст, љубов, борба…нозете и рацете секако не служат најдобро. Ама тие адути заедно со дружбата, новите пријателства и фер плејот се животни лекции. Денес, покрај поразот, Прилеп има екипа во ПОЛУФИНАЛЕ!! Честитки за сите, одиме во борба за финале па што биде!!” – истакнаа од приелпскиот тим.