ВНИМАВАЈТЕ КАКО ВОЗИТЕ! Во сообраќајна несреќа почина едно лице на магистралниот пат Битола – Ресен каде се случи тешка сообраќајна несреќа

На 06.11.2023 во 19.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола–Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани-ресенско и патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(60) од Охрид.
Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола каде возачот Г.С. починал. Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од двете возила. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола – информира МВР.