СИ ЗЕЛ КРЕДИТ ОД 90.000 ДЕНАРИ – АМА НА ТУЃО ИМЕ: Користејќи туѓи податоци аплицирал за онлајн кредит, па од банкомат си ги подигнал парите
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Ј. од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот искористил лични податоци на лице од Штип, без негово знаење, и на 31.08.2022 аплицирал за онлајн кредит од финансиско друштво во износ од 90.000 денари, кои потоа ги подигнал од банкомат на експозитура во Кавадарци.