Продолжува штрајкот на СОНК, а учениците ќе се вратат на настава од…

Сподели го ова:


























Продолжува штрајкот на СОНК, а учениците ќе се вратат на настава од кога Владата ќе им излезе во пресрет на барањата на просветните работници, а се до тогаш, и понатаму продолжува да трае штрајкот на просветните работници. Како и да е, помеѓу Владата и СОНК нема официјален договор со кој што ќе заврши овој генералниот штрајк, кој што трае две работни недели.

Пред некој ден, од страна на СОНК беше истакнато дека заклучоците на Владата не водат кон репшавање на проблемот: “Советот на СОНК, констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата помеѓу СОНК, МОН и МТСП односно со Владата. Овој став се темели врз огромниот број дискусии на членовите на Советот каде што без исклучок се констатира дека со заклучоците на Владата се врши силен притисок врз штрајкувачите. Понудените 10 проценти зголемување на платите во градинките, основното и средното образование по ребалансот на буџетот се бетонираат со заклучокот на Владата и не се остава дополнителен простор за преговори по ова прашање, знаејќи дека членовите на СОНК со скоро 100-процентно изјаснување пред само неколку дена го отфрлија овој предлог. Овој процент на зголемување е дури и помал од предлогот на еден од синдикатите кој предлага, и веројатно ќе успее во тоа без ниту еден ден штрајк, да добие повисока понуда односно 2.800 денари линеарно”-истакна Неделков.




Сподели го ова:

Слични објави