ПОЖАР НА ПРУГАТА: Единствениот воз од Прилеп за Скопје не стигна на конечната дестинација
Единствениот воз од Битола -Прилеп -Велес – Скопје не стигна на конечната дестинација, поради пожар на пругата кој се појавил како резултат на запалено стрниште. Како резултат на ова железничкиот сообраќај е во прекин.
Имено, вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско.Со брза и ефикасна интервениција на пожарникарите од ТППЕ Прилеп пожарот синоќа бил изгаснат.