Прилепчанец е даден на суд за “брз кредит” кој што никогаш не го зел!
Бизнисот со т.н. брзи кредити расте, а рекламите за ваквите кредити ги има на сите можни страни. Имено, деновиве ќе започне и судски процес за еден прилепчанец кој што се обрати до нашиот информативен тим во однос на т.н. “брзи кредити”. Како што истакнува нашиот сограѓанин за STANICA.MK, тој деновиве е даден за суд бидејќи не го платил “брзиот кредит” кој гласи на негово име, а како што истакнува самиот тоj – за таков кредит никогаш нема аплицирано!
Криминалните умови ги користат дупките во системот, па врз основа на тоа ќе најдат начин како некој да измамат и да земат брз кредит на туѓо име.
Жалосно. Ова не е прв случај! Затоа внимавајте! Повеќето од нас без речиси никаков сомнеж дозволуваат да им биде фотокопирана личната карта на работа, во хотел, на банка во продавница и слично. Затоа внимавајте Вашите податоци да не допрат до криминалните умови кои со малку труд можат да се збогатат на Ваша сметка. Меѓутоа, граѓанинот во една вистинска правна земја не треба многу да мисли на вакви работи, бидејчи во такви земји граѓаните се зашттиени од правните процедури кои што државата ги изградила, а очигледно е дека кај нас такви системи и правила за некои лица не постојат!
Системот треба да ги среди проблемите, додека пак финансиските друштва да ги затегнат процедурите! Само така ќе завршат овие ситуации каде што на суд ќе завршат невини граѓани за брзи кредити, кои што никогаш ги немаат земено.
Деновиве, во следните наши објави, следат подетални информации за овој случај!
ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ОВАА ОБЈАВА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ, БЕЗ ОФИЦИЈАЛНА ДОЗВОЛА ОД ИНФОРМАТИВНИОТ ТИМ НА “STANICA.MK”