ВНИМАНИЕ: Одрон на камења на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, кај обиколницата над Битола

Сподели го ова:
























Поради одрон на камења на патниот правец Прилеп – Ресен, кај обиколницата над Битола, сообраќајот од 1:10 часот се пренасочува низ централното градско подрачје.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Пресека, во Маврово и Ресен, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.




Сподели го ова:

Слични објави