ЈАНЕ ЧЕНТО ОД ЗАТВОРОТ ПОРАЧУВА: Странците ќе дојдат и ќе си заминат
Вчера вечерта, прилепчанецот Јане Ченто на социјалните мрежи објави уште една порака до македонскиот народ:
„Наречете ме како што сакате јас само си ја сакам државата во која нема да биде важно кој каков е.
Не сакам да се чуствувам маргинализиран затоа што сум дел од мнозинството на оваа држава. Ние не се поделивме на ваши и наши, туку на некој друг така му одговараше, кога велам ние мислам на сите граѓани на Македонија без никакви поделби, затоа што ние живееме заедно и ќе продолжиме да живееме, а странците ќе дојдат и ќе си заминат“. „Македонија е се што имаме!“ – истакна Ченто.
