На повикот на претседателката на УЖ Билјана Кузманоска, се јавија голем број на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои донираа за настраданото население во поплавите во Делчево
Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, заедно со Општинскиот комитет, организираше хуманитарна акција за помош на настраданото население во поплавите што го зафатија Делчево.
Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Билјана Кузманоска, пред само еден ден ја најави оваа акција при што истакна:
“Ги повикувам сите да се приклучат на хуманитарната акција и да донираат за помош на настраданото население во поплавите кои го зафатија Делчево.
Да ја покажеме нашата солидарност!” – порача Кузманоска.
На повикот на Кузманоска се јавија голем број на членови од ВМРО-ДПМНЕ, а од фотографиите јасно се гледа дека членството на ВМРО-ДПМНЕ позитивно одговори на оваа успешно спроведена акција.
Хуманитарната помош која беше собрана, моментално успешно се пакува, и ќе биде испратена онаму каде што е најпотребно, односно кај населението кое настрада во поплавите што го зафатија Делчево.