ВМРО-ДПМНЕ: Со новото задолжување од 900 милиони евра, власта на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство
Владата на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство-се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, нивното соопштение Ви го пренесуваме целосно во прилог:
“Тие за 5 години ја задолжија државата речиси колку сите влади претходно. Долгот кога дојдоа на власт изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега веќе надмина 7 милијарди евра. Згора на тоа сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра, што е најголемо задолжување кое Македонија го направила и со тоа долгот ќе дојде до 65% од БДП, односно ќе се доближи до фантастични 8 милијарди евра. Патем ваквото ново задолжување од 900 милиони евра не е за развој , туку за одржување на буџетската ликвидност. Со други зборови, заради дупката во буџетот, Македонија ќе ја задолжат со 900 милиони евра за преживување. Ете до каде не донесе оваа неспособна, неодговорна и криминална власт на СДСМ и ДУИ. Тие се задолжуваат, трошат на кафиња, мебел, службени возила, цвеќиња, фстаци, а народот после сето тоа ќе го враќа” -се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.