НЕКА НИ Е ВЕЧНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Честит празник МАКЕДОНЦИ!!!
Илинден не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.
Носечкиот код на македонската држава, 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.
Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија.
Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ.
Нека ни е честит Илинден!
За многу години!