Чествувања по повод 78 години од загинувањето на Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски

Сподели го ова:
























Круме Волнароски (1909 – 9 мај 1944 Прилеп) и Кире Гаврилоски-Јане (22 Февруари 1918 – 9 мај 1944 Прилеп).

Денес во Прилеп по повод загинувањето на Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски, двајцата народни херои и учесници во НОВ, имаше низа одбележувања во истоимените основни училишта во општина Прилеп.

Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане пред 78 години херојски ги положиле животите во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија. Убиени се во заседа на бугарската полиција борејќи се до последен здив и пеејќи за Македонија.

Делегации од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп заедно со претставници на основните училиштa положија свежо цвеќе пред бистите на овие македонски херои во знак на нивните прерано згаснати животи во борбата за слободна Македонија.

Градоначалникот Борче Јовчески присуствуваше на прославите на патроните празници на гореспоменатите основни училишта каде пригодно се обрати на присутните.

Исто така, 9-ти мај е познат како Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа.

Нека е честит патрониот празник на ООУ „Круме Волнароски“ и ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ и нека му е вечна славата на загинатите херои.




Сподели го ова:

Слични објави