ВМРО-ДПМНЕ: Нудиме пакет за излез од кризите, а на СДСМ и Ковачевски им се поважни фотелјите од интересите на граѓаните

Сподели го ова:


СДСМ и Ковачевски покажуваат дека поважни им се фотелјите наместо Македонија и граѓаните- се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, нивното соопштение целосно ви го прикажуваме во Прилог:

“Тие ја водат државата кон амбис и се подготвени економски да ја уништат, наместо да ја прифатат понудената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Граѓаните тонат во сиромаштија, економијата пропаѓа, инфлацијата го јаде стандардот, расте долгот, а корупцијата и криминалот метастазираат. ВМРО-ДПМНЕ нуди излез од низата кризи со кои власта не знае да се справи, па дури и со својата неодговорност и неспособност ги подгрева. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да прифати предвремени парламентарни избори, а дотогаш на располагање се ставаат експертски тимови од областа на економијата, надворешната политика, здравство и образование кои треба да помогнат во изнаоѓање на решенија за проблемите кои граѓаните најмногу ги засегаат.Државните интереси и интересите на граѓаните мора да се пред интересите на Ковачевски, СДСМ или на било кој друг партиски интерес. Очекуваме Ковачевски да се вразуми, а ако тој не е способен или не може да донесе одлука за оваа понуда на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш сме спремни  да разговараме со било кој од СДСМ кој ги носи одлуките, без разлика дали е тоа Зоран Заев, Шекеринска или некој друг”-се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.





Сподели го ова:

Слични објави