Уште еден проект на Градоначалникот Саботковски-ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА ГРАДИНКА ВО ОПШТИНА МОГИЛА

Сподели го ова:
















Можно е да е слика од 2 луѓе, седнати луѓе и канцеларија

Денес на огромно задоволство на сите жители на Општина Могила беше потпишан договор за изградба на првата градинка во општина Могила, значаен проект за жителите на општина Могила. Договорот за соработка и договорот за групна набавка на градежни работи се потпиша помеѓу Градоначалникот на Општина Могила-Драганчо Саботковски и Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Договорот за изградба опфаќа опрема на детска градинка со капацитет од 40 деца, во вкупен износ од 12.819.667,59 денари. Детската градинка ќе се гради во училишниот двор на ОУ „ Гоце Делчев “ – Могила.

Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат

Апликацијата е заведена од 28.02.2022 за финансирање на проект доставен од страна на Општина Могила до Министерството за труд и социјална политика со прилог документација и Основен проект за Изградба на детска градинка.Постапката за јавна набавка ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика. Предвидениот рок за изведба на градежни работи од предмер пресметката изнесува 14 месеци сметајќи од денот определен за вовед во работа на Изведувачот, а предвидениот рок за набавка, испорака и монтажа на опрема изнесува не повеќе од 1 месец, по завршувањето на градежниот дел.Општината се обврзува да ги обезбеди сите потребни услови за пуштање и непречено функционирење на објектот, како и да обезбеди траен приклучок за електрична енергија, водовод, канализација и греење пред технички прием на објектот. Имено, ова е уште еден проект на Градоначалникот Саботковски, кој што ако анализираме од досегашната негова работа откако е градоналник, Саботковски не мирува и постојано работи во интерес на своите граѓани.

Можно е да е слика од 2 луѓе, седнати луѓе и канцеларија







Сподели го ова:

Слични објави