Си ја заборавил платежната картичка во продавница, а продавачката си ја зела и со неа си купувала се она “што и било потрeбно”

Сподели го ова:
























Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П.(20) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На работното место во продажен објект во Свети Николе, пријавената задржала банкарска картичка која ја заборавило лице од Свети Николе, по што во периодот од 11.01.2024 до 16.01.2024 извршила повеќе плаќања, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.235 денари.




Сподели го ова:

Слични објави