На почетокот на следната недела ќе се знае дали изолацијата ќе се намали од десет на седум дена за лицата позитивни на Ковид-19

Сподели го ова:
















Во понеделник ќе се одлучува за намалување на изолацијата од 10 на само 7 дена. Оваа препорака за скратување на изолацијата доаѓа врз основа на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести. Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб овој понеделник, а веќе во вторник ќе треба да биде на седницата на Влада. Надлежните постојано тврдат дека во болниците во нашата земја уште имаат слободен капацитет, без разлика што новиот Омикрон сој се шири мошне брзо. Беким Сали-Министерот за здравство изјави дека оваа одлука не е конечна, бидејќи во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.







Сподели го ова:

Слични објави