ВМРО-ДПМНЕ изјавува дека е за европска иднина, но со зачувано дoстоинство и под исти правила и услови кои важеле за сите до сега, а не Македонија да се дискриминира

Сподели го ова:
























Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот. Референдумот е највисока форма на демократијата во едно општество, и најдобар начин да се слушне ставот на народот – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно соопштение, кое целосно Ви го пренесуваме во прилог на оваа објава:

“Добро е да се чуе дека Пендаровски е на иста линија со претседателот Мицкоски, и дека размислува да поддржи референдум. Наскоро претседателот Мицкоски ќе излезе со формулацијата и очекуваме Пендаровски да го поддржи и повика на поддршка од сите политички партии.

Референдумот мора да им даде право на граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина.

ВМРО-ДПМНЕ е за европска иднина, но со зачувано дoстоинство и под исти правила и услови кои важеле за сите до сега, а не Македонија да се дискриминира, стои во соопштението на партијата” – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно соопштение.




Сподели го ова:

Слични објави